Поврзи се со нас

Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Кратењето на буџетот за култура изнесува 34,6 %

Објавено

на

Со реабалансот на буџетот кој пред извесен период беше изгласан во Собранието, кратењето на буџетот за култура изнесува 34,6 отсто и тоа е од програмскиот дел. Направивме кратења или пренамена на средства од оние ставки каде сметавме дека тоа е возможно и каде ќе биде најодржливо, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа појасни дека најголем дел од кратењата претрпел програмскиот дел на Министерството за култура.

-Се направија дополнителни кратења од буџетот на самото Министерство за култутра, а тоа беа средства кои беа предвидени за набавка на нова ИКТ опрема во Министерството за култура, награда за вработените во Министерството за култура, која следува и која постои во буџетот, а не по другите културни институции, за да можеме да ги одржиме оние проекти и оние корисници чија единствена заработка е токму преку Министерството за култура, а тоа е неазвисна сцена и други корисници, изјави Костадиновска-Стојчевска по денешта средба со медиумите.

Министерката за култура информира дека интензивно разговараат со сите национални установи доколку може да се покаже едно ниво на солидарност и да дозволат да биде скратен дел од нивната програма бидејќи овие кратења се прават за да се одржат платите на вработените во институциите за култура. Додаде дека вработените во Министерството се на ниво на јавна администрација и таму, како што рече, допрва нивното зголемување на плати треба да се регулира.

Костадиновска-Стојчевска образложи дека ова кратење на буџетот во Министерството за култура се направило и поради зголемените трошоци за електрична енергија, кое ресорното Министерство ги плаќа во име на институциите од култура.

Таа потенцира дека капиталните инвестиции ќе претрпат најмалку кратење, односно ќе има најмала пренамена на средства од капитални инвестиции во овој сегмент, дали за плати или за електрична енергија. Додаде дека за да имаме активна културна сцена треба да имаме институции кои тоа ќе го овозможат бидејќи и другите корисници ги остваруваат своите проекти најчество во институции од културата.

Министерката за култура нагласи дека нема да престанат инвестициите во објекти, односно во подобрување на објекти и изградба на нови објекти во областа на културата.

Костадиновска-Стојчевска информира дека е откриена нова пратка на македонски икони. -Во тој процес на реституција со Република Албанија на веќе украдени икони, токму кога тој процес на 25 икони се заокружи, откривме нова пратка на икони, каде од 45 икони, веќе 23 или 24 се идентификувани дека се наши. Направивме тим од Министерство за култура и Управа за заштита на културно наследство кои веќе се испратени на терен и работат на препознавање на остатокот од иконите, изјави Костадиновска-Стојчевска.

Таа информира дека треба да имаме подобри законски решенија за тоа како овие процеси понатаму ќе се решаваат и додаде оти сега има само комуникација меѓу инволвирани министерствата од Северна Македонија и од Албанија. Најави дека во овој дел ќе имаат помош од Американската амбасада во земјава.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 40 минути

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 12 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 13 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 15 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 16 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 17 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 18 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена