Поврзи се со нас

Вести

Костадиновска-Стојчевска: Стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ како Македонци со македонска култура и македонски јазик

Објавено

на

Сакаме да се признае македонската култура, македонскиот јазик, нашата етничка припадност и посебноста што ја имаме како Македонци. Нашата стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, но не сакаме ништо повеќе или помалку отколку што заслужуваат, сакаат или имаат другите земји-членки, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во интервјуто за албанската телевизија „Топ ченел”.

-Како што неколкупати напомена нашиот премиер, „Да“ нашата стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, но не сакаме ништо повеќе или помалку отколку што заслужуваат, сакаат или имаат другите земји-членки на ЕУ, појасни Костадиновска-Стојчевска.

Во однос на министерскиот состанок за култура на Западен Балкан, министерката напомена дека културата е делот кој го надополнува секој друг сегмент кој е дел од Отворениот Балкан.

– Како Министерство имаме одлична соработка со двете министерства за култура на Албанија и на Србија и со сигурност можам да кажам дека културата ќе биде највидлива на економската страна, спортот и образованието, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Според неа министерската платформа за култура, иницијативите и состаноците се секогаш добредојдени бидејќи секогаш е добро сите да се на маса за размена на идеи и практики особено проекти посветени на младите.

– Ние имаме многу млади уметници и Министерството за култура има посебен фонд кој инвестира во нивната работа и развој, но морам да истакнам дека културата во Северна Македонија беше единствената што немаше никакво кратење на финансиите бидејќи културата е сегментот кој на луѓето им требаше повеќе од кога било во овие две години, мислам дека ни претстои интересно лето, рече во интервјуто Костадиновска-Стојчевска.

Министрите ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат со младите и културното наследство на министерскиот состанок за лансирање на Првата министерска платформа на Западен Балкан за култура во Тирана, Албанија организиран од страна на Марија Габриел, европска комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади.

Во моментот се реализираат 13 проекти во висина од 3 милиони евра кои се наменети за Западен Балкан за да се негува и зачува културното наследство.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
Гостиварпред 4 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 5 дена

Денеска е Летник

Македонијапред 2 дена

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 1 недела

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 2 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 3 недели

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 3 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Гостиварпред 4 недели

„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“

Гостиварпред 4 недели

Гостивар во спомен на 8 децении од смртта на херојот Злате Малаковски и Февруарскиот поход

Гостиварпред 4 дена

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена