Поврзи се со нас

Македонија

Ковачевски: Ако разговорите со АА продолжат во добра волја можно е проширување на владиното мнозинство

Објавено

на

Разговорите со Алијанса за Албанците во контекст на европската иднина на земјата ќе продолжат и доколку се усогласиме по клучните принципи може да се случи проширување на владиното мнозинство, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека се разговара со АА и за нивен евентуален влез во владината коалиција, Ковачевски изјави дека одговорот на Ахмети не се разликува од одговорот кој што тој веќе го дал по средбата во петокот со Таравари.

Одговорот што го даде претседателот на ДУИ, Али Ахмети не се разликува многу од одговорот којшто јас го дадов, од причина што јас кажав дека со партијата Алијанса за Албанците особено со нејзиниот вд претседател Арбен Таравари, разговарав за европската иднина на државата и сите одлуки коишто треба да се носат. Исто така, кажав дека нашата владина коалиција е отворена за сите политички партии коишто ја делат таа визија и дополнително кажав дека разговаравме конкретно и за сите оние закони  и реформи коишто се однесуваат на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, и економските политики, односно антикризните мерки за справување со оваа огромна економска и енергетска криза во којашто се наоѓа и земјата и Европа, рече премиерот Ковачевски. 

Тој при тоа додаде дека не се разговарало конкретно за ресори и оти разговорите ќе продолжат.

-Но, секако дека разговорите ќе продолжат и доколку се усогласиме комплетно на овие основни принципи за иднината на државата, а во тоа не се сомневам, бидејќи Алијанса за Албанците секогаш и во изминатиот период покажа дека ги поддржуваше сите одлуки коишто се однесуваат за европската иднина на државата, така и другите законски решенија што беа предложени, сметам дека во иднина доколку разговорите продолжат во добра волја и во позитивен дух како до сега, може да се случи и проширување на владиното мнозинство, подвлече Ковачевски.  

Во контекст на изјавата на Таравари дека АА во овие разговори има свои црвени линии, и дали тие се пречка за да продолжат консултациите, Ковачевски рече дека во секои разговори и преговори, нормално е секој од учесниците да има минимум услови кои мора да бидат исполнети.

За тоа дали разговарале со коалицискиот партнер Алтернатива според која владиното мнозинство е стабилно и нема потреба од негово проширување, Ковачевски се согласи дека Владата е стабилна, со 64 пратеници што се потврдило со изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа и на двајцата уставни судии. Кажа дека со дел од коалициските партнери, секојдневно комуницира на одреден распоред, како и со министрите од Алтернатива, но дека се уште тоа не било тема на разговор со нив.

Не сме разговарале, меѓутоа мислам дека доколку сите сме определени за продолжување непречено на патот на државата во европските интеграции, тогаш мислам дека лесно ќе ги постигнеме сите согласности, смета Ковачевски. 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена