Гостивар
Ковачевски: Гостиварци денес имаат топла и енергетски ефикасна болница

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски претпладнево беше во посета на општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар по повод извршената реконструкција на фасадата на објектот.
Премиерот истакна дека ова е значаен проект, особено во време на енергетска криза и ги повика сите поединци и инстутуции на штедење електрична енергија.
„Во болницата во Гостивар се реализираше исклучително важен проект и за болницата и за гостиварчани и за персоналот кој работи овде. Во време на енергетска криза, недостаток на енергенси и потреба да се заштеди што повеќе струја, со средства обезбедени преку ТАВ програмата и насочени кон реалните потреби на граѓаните, и во инфраструктурата гостиварци денес имаат топла и енергетски ефикасна болница, а докторите кои работат во неа заедно со пациентите кои доаѓаат, имаат навистина објект во којшто може да се чувствуваат многу подобро, од она што беше претходно, пред да се изврши оваа реконструкција. Со добивање на енергетски ефикасна фасада на целиот објект болницата значително ќе ги намали трошоците за затоплување во зимскиот период, и за разладување на лето, но ќе заштеди и електрична енергија, а и на ваков начин се вклучуваме во зачувување на животната средина. Повикувам, согласно можностите сите да придонесеме кон намалување на потрошувачката на електрична енергија.“, изјави Ковачевски.
Целосната реконструкција на фасадата со површина од над 8.000 метри квадратни и замената на прозорците е проект вреден 481.000 евра, финансии обезбедени преку пакетот за поддршка на инфраструктурни проекти од програмата ТАВ.
„Денес сме тука да ја одбележиме завршената реконструкција на фасадата на гостиварската општа болница. Овде градежните работи започнаа во јануари годинава, а завршија кон крајот на јули, со што обновена е целата површина на фасадата, сега болницата е сместена во енергетски ефикасна зграда. Веруваме дека со оваа инвестиција во вредност од 481.000 евра придонесовме за подобрување на квалитетот на јавните здравстени услуги на граѓаните на Гостивар.“, рече генералниот директор на ТАВ, Метин Батак.
На настанот присуствуваа и вице премиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за здравство Беким Сали.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава