Поврзи се со нас

Македонија

Ковачевски и Мицкоски денес ќе се сретнат во Владата

Објавено

на

За денеска попладне е закажана средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која ќе се разговара за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа. Средбата, како што вчера потврдија од Владата за МИА, е планирано да се одржи во 16 часот.

На средбата, покрај Мицкоски, ќе присуствува и економскиот тим на партијата кој ќе го презентира планот на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на последиците од кризата.

– Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња, треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија и Владата, изјави вчера Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ во емисија на телевизија 24.

Средбата доаѓа по неколкудневните несогласувања за евентуални разговори откако Мицкоски го повика Ковачевски на тв дуел. Вчера, Ковачевски го повика Мицкоски да присуствува на седницата на Економскиот совет на Владата закажана за среда, но Мицкоски ја одби поканата изјавувајќи дека не гледа потреба да присуствува на седница на Советот затоа што во него членуваат истите луѓе кои не ги решиле проблемите во ковид кризата.

– Местото за предлагање на мерки, на концепти итн. е Економскиот совет на Владата во проширен состав на којшто присуствуваат сите претседатели на стопански комори, претставници на академската заедница, економисти од МАНУ, претставници на најголемите компании, претставници на Владата од сите економски ресори и нормално во овој случај и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, којшто исто така доаѓа од секторот на енергетика, односно од Машинскиот факултет, изјави вчера Ковачевски.

Наспроти него, Мицкоски изјави дека не гледа причина да присуствува на седницата на Економскиот совет и дека е подобро да има тв дебата.

– Не гледам причина зошто би влегол јас во ова сценарио на претворање на целата оваа работа на пазар која што е многу сериозна, бидејќи се работи за иднината на државата и за иднината на граѓаните. Тогаш подобро и ќе беше да излеземе на тв дебата, зошто таму ние да седиме педесетина луѓе  или триесетина којшто и досега и онака ништо не решиле, тие луѓе којшто беа за ковидот, се дел од тој Економски совет и ако така ги решаваше работите, како што ги решававме за ковидот, јас навистина не сакам ниту нивното, ниту своето време  да го губам и затоа им реков одберете тим, подготвен сум да ви помогнам, рече Мицкоски вчера на гостувањето во „Студио 10“ на телевизија 24.

Од друга страна, бизнис секторот вчера побара од Владата најдоцна до среда да донесе мерки со кои ќе го ублажи ценовниот удар, во спротивно најавуваат затворање на капацитетите. Од Стопанската комора на Северна Македонија сметаат дека брзината на реакција е пресуден фактор за зачувување на макроекономската и на буџетската стабилност на државата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 4 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 недели

Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6

Гостиварпред 2 недели

Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец

Гостиварпред 2 недели

Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин

Гостиварпред 3 недели

Физички напади во рибинк и на улица во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 недели

Пријавен физички напад во Фазанерија

Гостиварпред 2 недели

Акција за уредување околу спомен-плочата на загинатите градители на ХЕС Маврово во Торбешки мост

Гостиварпред 4 недели

Гостиварецот Владо Глигоровски со „Аманет ви оставам“ настапи на јубилејниот „Гоце Фест“

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена