Поврзи се со нас

Македонија

Ковачевски: Илинден е нашата сила и за современа, модерна, економски развиена и европска Северна Македонија

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање од Мечкин Камен по повод Денот на Републиката порача дека Илинден е нашата сила и за современа, модерна, економски развиена и европска Република Северна Македонија. Даваме збор, додаде тој, дека илинденската и асномската идеја за светла и перспективна македонска иднина, ја имаат пред себе и генерациите на денешнината и од неа нема назад, има само напред.

-Како илинденците и како асномците во 1944 година и денес во 2022 година во различно време но повторно заедно и повторно со иста цел пред себе, светла иднина, сигурност, и перспективи, рече Ковачевски.

Честитајќи го празникот, премиерот рече дека денеска на Мечкин Камен стоиме исправено во чест на нашето минато и оддаваме длабока почит на илинденците кои пред повеќе од еден век ја создадоа Крушевската република заснована врз длабоки демократски принципи и еднаквост „и даваме збор, идејата илинденска и асномска за светла и перспективна македонска иднина и генерациите на денешнината ја имаат пред себе и од неа нема назад, има само напред“.

-Водени од погледот кон иднината на илинденците и асномците создадовме слободна, суверена, независна и самостојна Македонија со сопствен и неоспорен идентитет. Уште одѕвонуваат зборовите на нашиот претседател Киро Глиговор од таа вечер: Ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија со којшто е објавено и потврдено на сонот за слободна и самостојна држава, рече, меѓу другото премиерот.

Овие зборови, посочи, ќе останат запаметени во историскиот континуитет на македонската држава.  Премиерот исто така нагласи дека водени од заедничката борба во која животи се положувале за сестрите и браќата од сите народи на ова парче земја, се обединивме од сите етнички заедници во едно и еднакво општество за сите.

На Мечкин Камен, во рамки на одбележувањето, цвеќе положија бројни делегации.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена