Поврзи се со нас

Македонија

Ковачевски: Ќе се разгледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено

на

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за економија Крешник Бектеши, кој потоа ќе ги исконтактира посочените субјекти за да се утврди дали нивните понуди ги задоволуваат потребните критериуми.

Ова е договорено на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која присуствуваа и економски тимови на Владата и на партијата.

-Состанокот помина во добар дух. Реафирмирано беше барањето на опозицијата за ставање на јавните комунални претпријатија на регулираниот пазар за што ќе бидат направени дополнителни анализи. Продолжуваат и билатералните преговори со соседните земји, а се очекува и помош од Европската комисија. Деновиве се водат разговори доколку има некакви чекори ќе биде информиран министерот за економија и ќе бидат соопштени во јавноста, рече Ковачевски по средбата.

Додаде дека на средбата ги образложиле сите активности што ги презема Владата за надминување на енергетската криза. Информирале за производството на енергетските капацитетети, за обезбедувањето енергенси – јаглен и мазут.

-Не е време за прибирање политички поени, туку за заедничка работа за пребродување на енергетската криза. Владата со сиот свој капацитет прави се што е во наша моќ за да може да обезбедиме се она што е потребно за што полесно пребродување на оваа најтешка зима што ја видел европскиот континент после Втората светска војна, рече Ковачевски.

Нагласи дека порано цената на берзите на електричната енергија ја одредуваа  купувачите со количината која сакаа да ја купат, а сега тоа го прават продавачите кои имаат вишок на енергија за продажба.

Во регионот, како што рече во одговор на прашање, само Бугарија и Босна Херцеговина се извозници на електрична енергија, а сите други се купувачи. За Бугарија рече дека согласно европските директиви мора да го продава вишокот на електрична енергија по берзански цени, а се прават напори доколку увеземе струја од таму разликата во пазарната цена и цената која ќе ја договориме да ја субвенционира Европската комисија доколку тоа се договори во рамите на ЕУ како помош за земјава за справување со енергетската криза.

Истакна дека ЕСМ произведува доволно електрична енергија за потребите на регулираниот пазар и како што кажа од јуни воопшто нема увезено електрична енергија за таа потреба.

На средбата Ја нагласиле и потребата што побрзо да се донесат во Собранието сите закони поврзани со надминувањето на енергетската криза. Станува збор за Законот за задолжување од ЕБОР во износ од 100 милиони евра по поволна каматна стапка за поддршка на работата на ЕСМ, Законот за енергетика, Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за кратење на финансиски средства од буџетот кои се со помал процент на исполнетост и и кои не се неопходни и префрлање во ставки за справување со енергетската криза, посочи Ковачевски.

– Разговаравме и за префрлање на основните и средните училишта на регулираниот пазар, како и за префрлувањето на здравствените установи за снабдување кај ЕСМ продажба. Беше реафирмирано барањето на опозицијата за вклучување на јавните комунални претпријатија на регулираниот пазар, кое ќе биде разгледано од Министерството за економија во соработка со ЗЕЛС, изјави Ковачевски.

Премиерот информира дека Владата денеска донела одлука со која ЕСМ е задолжено да врши јавна услуга регулирано производство на топлинска енергија во Скопје. Потпишан е договор меѓу ЕВН и Адора за закуп на топланите според кој, ЕСМ ќе и плаќа 390.000 евра годишно на Адора, која е сопственик на топланите.

-Договорот е направен помеѓу ЕСМ, компанија определена од Владата да управува со затоплувањето. Условите за договорот меѓу Адора, која е сопственик на топланите и ЕСМ, ги опредеделува Регулаторната комисијата. Како што слушнав, станува збор за 390.000 евра годишно кои како закуп ќе ги плаќа ЕСМ.
Ќе се прават и дополнителни анализи за целосно откупување на топланите, рече Ковачевски.

Посочи дека од формирањето на Владата се презмени низа мерки за ликвидноста на компаниите и стандардот на граѓаните, издвоени се над 300 милиони евра буџетски средства.

-Продолжува субвенционирањето на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи, како и разговорите со соседните земји за набавка на електрична енергија, а се очекува помош и поддршка и од ЕУ, за што претседателот Стево Пендаровски разговарал со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен изминатиот викенд за време на посетата на Бугарија, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена