Гостивар
Ковачевски на гости кај Таравари, пиеле кафе и зборувале за проекти во Гостивар

Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево беше гостин на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во неговиот кабинет. Кратката средба се оствари пред настанот за доделување на социјалните станови и по неа немаше изјави за медиумите. За тоа што поразговарале премиерот на фејсбук го напиша следното:
„На кусата средба со градоначалникот разговаравме за важноста на поддршката која што Владата ја дава за стабилизирање на општините за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. Не е важно местото на живеење, владата гради објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско воедначување на општините. Нашата цел е на граѓаните да им обезбедиме квалитетни услуги и пристап до истите без разлика каде живеат.“
За средбата со Ковачевски, гостиварскиот градоначалник по настанот за доделување станови, доби новинарско прашање на кое одговори:
„Пиевме кафе со премиерот во Општина Гостивар, разговаравме за проектите коишто се реализирале и кои се планирани за оваа година, како и за можноста за евентуално заеднички проекти. Конкретно асфалтирање на два пата. Првиот од Долна Бањица до Горна Бањица, кој би почнал во средина на март и вториот од Здуње до Дебреше, кој се надевам дека ќе можеме да го завршиме кон крај на април. Се надевам дека отсега ќе има проекти, инвестиции кои ќе ги реализираме заедно со Владата, сепак времето ќе покаже.“, кажа Таравари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава