Поврзи се со нас

Гостивар

Ковачевски од трибина во Гостивар: И во криза макотрпно работиме за поддршка на граѓаните и компаниите!

Објавено

на

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски вечерва од трибина во Гостивар истакна дека Владата и за време на криза упорно и макотрпно работи на мерки што значат поддршка за домаќинствата и компаниите. Тој изрази увереност дека наредната година економските и политичките состојби ќе бидат подобри.

„Сите живееме во тежок период на глобална криза, јас од првиот ден на мандатот се соочувам со сите можни предизвици, но тоа не ме обесхрабрува. И во криза упорно и макотрпно работиме на мерки за поддршка на граѓаните и компаниите. Резултатите од антикризните мерки што ги донесовме се видливи. Ја спасивме економијата на државата. Одговорно менаџираме со народните пари, успеавме да обезбедиме зголемување на плати и пензии и да ги поддржиме работливите граѓани и компаниите. Обезбедивме храна, енергија од домашно производство, водиме сметка за секој денар на народот и го канализираме на вистинското место. Правиме се‘ да ги ублажиме последиците од кризата. Уверен сум дека од наредната година ќе биде подобро и на економско и на политичко и на сите други полиња“, рече Ковачевски.

Од говорницата тој упати директни и остри критики кон партијата Левица и нејзиниот претседател Димитар Апасиев, нарекувајќи го „политички пироман“.

„После 17 години во чекална, започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски  идентитет, јазик, скринингот започна, во тек е анализа на законодавството и состаноците во Брисел. Политичките одлуки беа тешки, верувам дека беа вистински. ата одлука без разлика колку беше тешко. Нашите деца внуци да имаат мирно море. Нашите деца  заслужуваат европската иднина да ја имаат тука, во својата држава, во Европска Македонија. Но, постои вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава која доаѓа од една партија која се противи и на ЕУ и на членството во НАТО. Таа е Левица и Димитар Апасиев, а опасноста е поголема затоа што таа партија го зема во заложништвио Мицкоски и самата ВМРО ДПМНЕ.  Апасиев е политички пироман кој може да го загрози патот на државата. Не смее да му се дозволи тоа. Јас и сите вие нема да го дозволиме. Државата ќе продолжи по патот на ЕУ се до полноправно членство, тоа е гаранција за стабилна и исигурна иднина.“, нагласи Ковачевски.

На трибината, која се одржа под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ зборуваше и претседателот на ОО на СДСМ Гостивар, Игор Велјаноски.

„Нашите ривали велат СДСМ организира трибини, ќе има предвремени избори, но не е така, ние се стремиме да ја изведеме државата на прав пат и да влеземе во ЕУ, и СДСМ е секогаш со граѓаните, ги слуша нивните потреби. Владата на чело со нашиот премиер е спремна да одговори на сите предизвици и успешно се фаќа со костец со сите проблеми. Во последните 10 месеци дојдовме до политичка стабилност, стигна францускиот предлог нашата Влада успешно се справи со него, признавањето на автоќефалноста на МПЦ од страна на СПЦ е уште една победа кога СДСМ е на власт.  Знаете како беше во време на владеењето на ВМРО, за една декада не се сеќаваме на едно прашање што го решија, само паметиме проблеми“, рече меѓу другото Велјаноски.

СДСМ денес одржа трибини и во Врапчиште и Маврово Ростуше.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена