Поврзи се со нас

Вести

Ковачевски: Полека но сигурно се приклучуваме кон европското семејство, отвораме нови перспективи за државата

Објавено

на

Огромно е задоволството што после 17 години чекање, денес конечно ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните, и полека но сигурно се приклучуваме кон големото европско семејство, што е наша приоритетна стратешка цел децении наназад, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој денеска пред одржувањето на меѓувладината конференција во Брисел а по средбата со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка Петр Фиала, посочи оти верува дека овој нов почеток за регионот ќе значи просперитет и напредок.

-Во пресрет на Меѓувладината конференција со која ги отвораме преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија упатувам искрена благодарност до сите наши пријатели на Европска Унија, за нивната поддршка, вклученост и посветеност на европската интеграција на нашата држава. Нивната заложба беше клучна ние денеска тука во Брисел да го направиме првиот чекор кој ќе не одведе до полноправно членство во Унијата, рече премиерот.

Ковачевски напомена дека европскиот предлог кој е добиен преку широк консултативен процес го препознаа како најдобро можно решение кој, како што рече, од повеќе аспекти ги почитува и задржува црвените линии, а во исто време дава конечно почеток на преговорите.

Потенцираше дека во него е прецизиран македонскиот јазик без никакви дополнувања и дообјаснувања.

-Со тоа се отвора вратата нашиот македонски јазик да стане еден од официјалните јазици на ЕУ, што лично го сметам за најголемо достигнување и нјважен успех. Македонскиот јазик на овој начин не само што ќе биде заштитен, туку и ќе доживее и неверојатна промоција, со тоа што многу земји и култури кои традиционално немаат допир со нашиот македонски јазик, ќе можат да се запознаат со него, додаде Ковачевски.

Нашиот идентитет, јазик, култура и обичаи, како што потенцираше премиерот, и понатаму ќе останат наши автентични македонски и во Европската Унија, а тоа појасни, ќе биде поголемо богатсво за Унијата и обединување во различностите.

-Северна Македонија припаѓа во европското семејство. Нашето место е во ЕУ. Ние досега многу пати докажавме дека сме партнер од доверба на Европската Унија и за земјите членки, и така продолжуваме да работиме и да функционриаме во иднина, рече Ковачевски.

Премиерот исто така упати честитка и до граѓаните на Албанија и до неговиот колега Еди Рама за отпочнување на преговорите и за нивната земја.

Потенцираше оти очекува да имаме позитивен пример за најбрза интеграција на земјата во Европската Унија исто како што имавме најбрза интеграција на земјата во НАТО.

-Ние продолжуваме понатаму со истата динамика и регионална соработка. Впрочем, како што и досега одлично и целосно во интерес на нашите граѓани работиме посветено во рамки на нашите авентични иницијативи и процеси на соработка. Подготвени сме за Европската Унија, додаде Ковачевски.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 4 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 6 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 8 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 8 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 10 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 11 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 13 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 14 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена