Поврзи се со нас

Македонија

Ковачевски: Седницата за уставни измени ќе продолжи кога ќе се создадат услови, во однос на бројот на пратениците коишто би поддржале таков процес

Објавено

на

Пленарната седница на Собранието во однос на усвојувањето на амандманите за уставни измени започна и ќе продолжи тогаш кога ќе се создадат соодветни услови, во однос на бројот на пратениците коишто би поддржале таков процес, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Прашан дали може да се очекува до јануари продолжување на собраниската седница за уставни измени, со оглед дека следната година започнуваат внатрешни избори во Европската Унија, Ковачевски рече дека ова прашање е особено важно, со оглед на изборите кои следат.

  • Сега е моментот кога се носи ваква одлука, со оглед на тоа дека идната година и Европската Унија оди на избори и Соединетите Американски Држави одат на избори и Северна Македонија оди на избори. После тоа ќе се прави нова Комисија, нови тела на ЕУ, што секако дека тој процес ќе го одолговлечи во недоглед, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово.

Меѓутоа, нагласи Ковачевски, ние сме виделе како изгледа чекање и не носење на одлуки, посочувајќи дека нашиот пат во евроинтеграциите го започнавме со Хрватска пред многу години, а која денеска е земја членка на ЕУ, дел од Шенген зоната и земја која го има воведено еврото.

  • Колку напредувала Хрватска, а каде сме ние кои што сме го започнале процесот заедно. Ние, дури минатата година, благодарение на одлуките на оваа Влада и коалиција ги започнавме преговорите со ЕУ, а можевме да бидеме членки на ЕУ, изјави Ковачевски.

Меѓутоа, посочи Ковачевски, некој овде 11 години сакаше да промовира и продава културно-историски и финансиски патриотизам.

  • Да ги подгрева чувствата на граѓаните, кои што се одразија негативно и на нашите односи со соседите, а се одразија негативно и на односите внатре во општеството и државата стана од лидер на интеграции, заедно со Хрватска пред 17 години, заробена држава, хибриден режим, 140-та по слобода на медиуми во светот со економски перформанси, кои што беа исклучително ниски и дупло полоши од тоа што го имаме денеска, изјави Ковачевски.

Политиката што 11 години се водеше, според Ковачевски даде само непосакувани резултати, додека политиката на интеграција покажува какви резултати и позитивни ефекти може да има врз граѓаните, државата и врз животниот стандард.

  • Затоа треба по тој пат да продолжиме. Друга алтернатива нема, изјави Ковачевски.

Во однос на тврдењето на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, дека гласањето за уставните измени треба да биде најдоцна денеска, Ковачевски рече дека Владата не раководи со седниците на Собранието, туку тоа го прави претседателот на Собранието и тоа прашање е за него.

  • Во однос на толкувањето на Деловникот ќе ве повикам да разговарате со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со оглед на тоа дека Владата не раководи со седниците на Собранието, туку тоа го прави претседателот на Собранието, а колку добар претседател на Собрание бил Трајко Велјановски, тоа можевме да видиме на 27 април, изјави Ковачевски.
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Вестипред 12 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 13 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 15 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 16 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 17 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 18 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 19 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 20 часа

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 21 час

Малеарди и Шеста зона без вода поради дефект

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена