Поврзи се со нас

Македонија

Ковачевски: Уставните измени не се последната голема и тешка одлука на патот кон ЕУ

Објавено

на

Уставите измени кои се пред нас, не се последната голема и тешка одлука во однос на одлуките кои следуваат за зачленувањето во ЕУ. Кога ќе дојде извештајот од скринингот на Поглавјето за владеењето на правото, ние пак ќе имаме закони за кои ќе треба двотретинско мнозинство во однос на унапредувањето на правосудниот и на обвинителскиот систем, но и на многу други области во општеството. Не можеме пред секоја одлука да одиме на избори, како што тоа го бара опозицијата, тоа не е начин, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Тој на денешната годишна конференција „Година на нови можности“, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со уставните измени уште еднаш потсети дека одговорност на сите политички партии во Собранието и на сите 120 пратеници е да поддржат одлуки кои значат побрзо зачленување на државата во ЕУ.

Ова, како што рече, не е процес на еден човек, ниту е процес на една политичка партија, ниту е процес на една влада, тука ова е процес кој што е неповратен и којшто завршува со членство во ЕУ.

– Не може Мицкоски прво да каже прифаќаме уставни измени, а потоа дека не прифаќаме уставни измени. Потоа да каже дека бара гаранции од пратениците на нотар заверени дека нема да гласаат за уставни измени, за потоа да излезе и да каже дека ако ЕУ даде гаранции ќе поддржат уставни измени, за да на крај каже дека по ниедна цена нема да поддржи уставни измени во време кога ние зборуваме за интеграција на земјата во ЕУ. Нашите граѓани не сакаат блокади. Ја поминав целата држава, никој од граѓаните не кажа дека сака блокирање на европскиот пат. Никој не кажа дека сака блокирано Собрание. Никој не кажа дека сака тензија. Сите сакаат мир, благосостојба и побрзо зачленување на државата во ЕУ, нормално со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет, што и го направивме, додаде Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека пратениците своето право на одлучување во Собранието го влечат од Уставот, законот и деловникот во Собранието.

– Има една теза што ја заговараат од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека пратениците немале мандат да гласаат уставни измени. По две основи не е точно. Прво, пратениците работат согласно Устав, Закон и Деловник на Собранието. И тие имаат делегирана одговорност, обврска и прво од граѓаните да ги носат одлуките со кои ги остваруваат целите кои граѓаните ги сакаат. И второ, во 2014 година токму од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа за уставните измени. Значи, пратениците своето право на одлучување во Собранието го влечат од Уставот, законот и деловникот во Собранието, додаде Ковачевски.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена