Поврзи се со нас

Македонија

Ковачевски: Време е за мудри одлуки – предлогот ги инкорпорира нашите забелешки и има чист став за јазикот

Објавено

на

Имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно израени ставови и за тоа не треба да имаме никакви дилеми. Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Ова беше најважното прашање за нас и затоа сакам да сум кристално јасен. Македонскиот јазик е апсолутно чист и еднаков со другите јазици на ЕУ без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања и астерикси, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Клубот на пратениците, во рамки на широките консултации во врска со францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Севеерна Македонија со ЕУ.  

Ковачевски истакна дека предлогот ги става билатералните и историските прашања надвор од преговарачката рамка.

– Отворените прашања треба да бидат затворени, но за тоа ќе имаме време се додека истите не се достоинствени и за двете страни. Европската унија посочува дека тоа треба да се реши на билатралната основа и затоа ова не е никако дел од рамката за преговори. Добрососедските односи како такви се фундамент на ЕУ. Ние сме се согласиле дека ќе го прифатиме тоа како факт уште во 2001 година кога е потпишана Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во тој дух, по тој принцип и по таа воспоставена пракса наша обврска како членка на Унијата ќе биде да работиме на добрососедските односи и тоа ќе го правиме преку исполнување на Договорот за добрососедство исто како што го правиме и со исполнување на Договорот од Преспа, рече премиерот.  

Посочи дека протоколот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија не е нотиран и не е дел во преговарачката рамка. Тоа е билатералне документ, кој не е дел од европскиот пакет.  

– Овој конечен европски предлог овозможува безусловен старт на пристапните приговори на Северна Македонија со ЕУ и операционализација на одлуката на Европскиот совет од март 2020 година. Преговорите со ЕУ ќе можеме да ги започнеме веднаш по донесувањето на нашата одлука за прифаќање на предлогот.  Сите сме свесни за чувствителноста по однос на ова прашање. Лесно е да отфрлиме, да одложиме, да изберме нова неизвесност. Но, во овој историски момент е потребно рационално размислување со ладна глава, потребна е мудрост и одговорност и објективно анализирање на сите сценарија грижејќи се за иднината за нашите деца. Од ова прашаење не смееме да правиме дневна политика. Ова е историски важно и стратешко прашање на кое секој политичар, граѓанин треба да му пристапи многу сериозно, кажа Ковачевски.  

Тој апелира сите да се држат до фактите, до официјалните документи и нивната правилна интерпретација. Ги повика сите политички чинители да ја земат предвид големината на задачата и да постапуваат конструктивно, одговорно и државнички.

Нагласи дека Владата доследно се држи до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед, го штити националниот интерес и македонскиот јазик и идентитет.  

– Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме и за кои Собранието усвои Резолуција и тоа го направивме и тоа го правиме. И тоа се уште го правиме и ќе го правиме во секој следен чекор од овој процес, рече премиерот.  

Ова, според него, е историски момент за земјата, еден од ретките како што е независноста на Република Македонија, како Охридскиот договор, Договорот од Преспа.

– Имаме единствена можност да ја исполниме и нашата долгоочекувана стратешка цел – полноправно членство во ЕУ. Тоа е нешата визија и тоа е нашата иднина. Имаме неповторлива можност обезбедување просперитет на државата затоа што им го должиме тоа на идните генерации. Време е за мудри одлуки, порача Ковачевски во изјавата за медиуми по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена