Гостивар
Ковид: Новозаразени 413, оздравени 309 – 28 годишно лице меѓу починатите

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8, Кичево и Кочани – по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале девет лица од кои четири од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), две од Велес (86г и 74г) и по едно од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Куманово – 27, Штип – 20, Битола – 14, Кавадарци, Кочани и Свети Николе – по 12, Велес – 11, Тетово – 9, Прилеп – 8, Крива Паланка – 7, Охрид – 6, Виница – 5, Гевгелија и Струмица – по 4, Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово – по 3, Демир Хисар и Крушево – по 2, Пробиштип и Радовиш – по 1.
Дополнително, согласно регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште четири починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените две лица се починати во болнички услови, а две во домашни услови.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава