Гостивар
Ковид вакцинација во Гостивар – до 150 вакцинирања дневно, повеќето со трета доза

На вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Гостивар периодов дневно против коронавирус се имунизираат од 130 до 150 граѓани и тоа најголемиот дел со трета доза. Откако беше воведена бустер доза, најголем интерес има токму за неа и тоа генерално од повозрасните граѓани или пациенти со ризично здравје.
„Вакцинацијата се спроведува редовно и непречено. Нормално, кога има раст на бројот на заразени, се зголемува и интересот за вакцина. Сепак, изминатиот период повеќето коишто доаѓаат се за трета доза и тоа се во најголем дел постари граѓани. За прва доза е послаб интересот. Може да кажам дека ако претходно рокот за примање на трета доза за различен тип на вакцина беше и по шест месеци од втората, сега веќе по три месеци од примање на втората доза, заинтересираните може слободно да дојдат и да се вакцинираат по трет пат, независно која вакцина претходно ја примиле“, вели д-р Дафина Богданоска од Здравствен дом Гостивар.
Во официјалната статистика Гостивар е меѓу регионите со најниска стапка на вакцинација. Според податоците од Министерството за здравство, вакцинирано е 30,3% од вкупното население. Сепак, лекарите појаснуваат дека реалната слика е поинаква, а тоа се должи на фактот што во статистиката се вклучени и иселениците.
„На пунктот интерес за вакцинација има, а процентите покажуваат друго. Веројатно тоа е така, затоа што се земаат предвид и граѓаните кои не живеат во Гостивар, туку во странство. Инаку, според динамиката на работата на пунктот, сметам дека поголемиот дел од граѓаните кои живеат овде, се вакцинирани“, вели д-р Богданоска.
Вакциналниот пункт во Гостивар работи во две смени, а имунизацијата актуелно се врши само со вакцини од Фајзер.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја