Вести
Крадци однеле 120 метри заштитна ограда на автопатот
Вработен во гостиварската секција на „Македонија пат“, пријавил кражба на заштитна оградна покрај автопатот Гостивар-Тетово, во близина на Неготинскиот надвозник.
Како што информираат од полицијата, засега непознати сторители, успеале да одземат ограда во должина од 120 метри, со височина од метар и половина, која била поставена на метални столбови. Материјалната вредност се проценува на околу 90 илјади денари.
Токму недоволната обезбеденост со заштитна ограда на автопатот е причина за голем број сообраќајки предизвикани од животни кои излегуваат на коловозот пред возилата. Последната таква е регистрирана вчера попладне, на околу два километри од наплатата станица Гостивар. Автомобил „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 38-годишен тетовец, поради необезбеден коловоз, удрил и усмртил куче-бездомник, кое неконтролирано се движело.
Повредени лица во возилото нема, додека причинетата материјална штета се проценува на 20 илјади денари, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди