Поврзи се со нас

Вести

Краен рок за пријави за ДДВ на обврзниците со повисок промет од милион денари

Објавено

на

Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност најдоцна денес, 15 јануари 2019 година.
Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок од милион денари може доброволно да се регистрираат за целите на ДДВ. Управата за јавни приходи потсетува дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочив промет од извршување на стопанска дејност.
Пријавата за регистрација може да се преземе преку веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189 и може да се достави по пошта, лично до Регионалната дирекција на УЈП или по електронски пат.

За подобро информирање на даночните обврзници – физички лица по однос на правата и обврските кои произлегуваат од Законот за данок на додадена вредност, изработен е Водич со корисни информации и упатства за предметот на оданочување со данок на додадена вредност, пресметувањето на вкупниот промет за цели на регистрација за ДДВ, начинот на регистрација за цели на ДДВ, како и појаснувања за останатите права и обврски на даночниот обврзник.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена