Поврзи се со нас

Гостивар

Крај на необичната учебна 2019/2020-та година

Објавено

на

Денешниот е последен работен ден од учебната 2019/2020 година. За околу 10.500 ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Oпштина Гостивар, од утре официјално започнува летниот распуст.

Оваа учебна година ќе се памети по вонредните услови, односно затворањето на училиштата од 11 март поради ковид пандемијата. Учениците беа испратени дома, а по извесно време отпочна онлајн настава, која пак донесе низа потешкотии и предизвици. Голем дел од семејствата не беа во можност да обезбедат електронски уреди и интернет за децата да се вклучат во далечинското учење. Драгоцено време се изгуби и додека надлежните се координираа за начинот на спроведување на наставата, програмата и која платформа да се користи. Како и да е, учебната година треба да се заокружи исто како и другите претходни, со утврдени оценки за учениците, внесени часови и податоци во дневниците и сл.

Коронавирусот донесе промени и во уписите на првачињата, кои наместо како вообичаено во мај, се одвиваат во текот на месец јуни. За матурантите пак, беше донесена одлука да не полагаат државна матура.

Полуматурантите ги очекуваат уписи во средните училишта, а првото пријавување ќе се спроведе на 16-ти и 17-ти јуни.

Какви ќе бидат условите за настава од септември, за сега е тешко да се предвиди.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена