fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Крај на учебната година, почнува летниот распуст

Објавено

на

  • Shqip

Денес завршува учебната 2020/2021 година, која беше полна со предизвици наметнати од пандемијата. Најголемиот дел од децата следеа онлајн настава, а училиштата работеа под посебни протоколи само со најмалите ученици, од прво до трето одделение за кои имаше часови со физичко присуство. Пред основците и средношколците е летниот распуст, а на кој начин ќе се организира наставата од септември, надлежните ќе решаваат следниот период.

Тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба, рече министерката за образование, Мила Царовска.

„Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба, Во оваа пандемија не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме, но и во ваков систем како држава покажавме дека имавме редовна настава со успешна учебна година. Во наредниот период ќе бидат разгледувани сите параметри и наскоро ќе донесеме одлука во врска со враќањето на учениците во училишните клупи на  први септември“, изјави Царовска.

Пред учениците периодов се нови предизвици. Матурантите ги полагаат испитите од државната матура, додека деветтоодделенците ги очекува уписот во средно, кој почнува во понеделник.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали ќе одите на летен одмор?

Вработувања Полог:

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!