Поврзи се со нас

Македонија

Крајна внимателност со храната на жештините, за да не дојде до труење – совети од АХВ

Објавено

на

Најавеното зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени целзиусови, ги зголемуваат ризиците од труење со храна, предупредуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од таму посочуваат дека за да се спречи појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при нејзината набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за нејзино чување. Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува граѓаните да купуваат храна од проверени места, каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди.

Во продолжение советите од АХВ:

Да не се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како што се месото, млекото, јајцата и други производи, по пазарењето да не се чуваат долго време во автомобилите и во други транспортни средства. Да не се купува разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач.

Во фрижидерите храната да се чува на температура пониска од 5 степени целзиусови и тоа на најгорните полици зготвената храна, а на подолните суровата. Термичката обработка на храната да се врши на температура повисока од 60 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат.

Ако се јаде во угостителски објекти, да се води сметка тоа да се оператори со храна кои водат сметка за хигиената и безбедноста и да имаат добра репутација. Во објектите за брза храна да се одбегнува да се користат додатоци кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи и слично.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена