Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Краставицата е закон за освежување на кожата, направете си сами маска или тоник

Објавено

на

Краставицата има дејство на освежување, смирување и хидрирање на кожата. Затоа, многу често се употребува за нега на лицето. Ви пренесуваме неколку начини на подготовка на тоник или маска за лице на база на краставица. Резултатот ќе го почувствувате веднаш!

Тоник 1

Потребна ви е една краставица, средна големина. Најпрво измијте ја убаво и излупете ја. Потоа изблендирајте ја и од блендираната смеса исцедете ја течноста преку газа. Вака подготвениот тоник може да го ставите во шишенце со распрскувач и со прскање да го освежувате лицето. Може да го нанесувате и со помош на памук. Доколку имате изразени подочници, може да држите на нив памук натопен во тоникот.

Тоник 2

1 краставица

1 лимон

1 лажица мед

Течноста од краставицата подгответе ја како во претходниот тоник. Потоа, измешајте ја со сокот од лимон и медот. Вака подготвениот тоник има рок на траење 4 дена, доколку се чува во фрижидер. Се нанесува за освежување на лицето со помош на памук, после миење.

Маска 1

Изрендајте ситно една краставица (излупена). Додадете 5 лажици јогурт и лажичка мед, па убаво измешајте. Маската се нанесува на чисто лице и треба да отстои 30 минути, по што се мие со млака вода. Се препорачува за мрсна кожа.

Маска 2

Изрендајте ситно една краставица (излупена). Додадете 2-3 лажички алое вера гел и убаво измешајте. Нанесете ја маската на чисто лице, избегнувајќи го пределот кај очите. Оставете да делува 30 минути, а потоа измијте ја со млака вода. Се препорачува за сува кожа.

Совет плус: Облога од краставица може да помогне при изгореници од сонце. Исецкајте ја краставицата ситно или изрендајте ја и ставете ја во газа, па нанесете на местото кадешто е изгорена кожата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 10 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 12 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 14 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 14 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 15 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 16 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 18 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 20 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена