Поврзи се со нас

Вести

Кражба на пари, накит и пиштоли во стан во Гостивар

Објавено

на

Голема кражба во стан во Гостивар. Крадци од дома му ги украле парите, накитот и пиштолите на гостиварец.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, 56 годишниот гостиварец со иницијали Д.С. ја пријавил кражбата вчера попладне, а се случила во периодот помеѓу 7.30 и 16.30 часот, додека во станот немало никој. Засега непознати сторители, во зградата на ул „Гоце Делчев“ влегле низ влезната врата која била отклучена. Во станот на гостиварецот провалиле со кршење на влезната врата. Украле 50 илјади денари и повеќе парчиња разновиден накит: синџири, нараквици, привезоци, прстени. Крадците не запреле тука, и ги украле и двата пиштола, кои гостиварецот ги поседувал со дозвола. Едниот од нив го зеле сосе дозволата. Се проценува дека се стекнале со вкупна материјална корист од еден милион 373 илјади денари.

Извршен е увид, подигнати се траги за вештачење и се работи на откривање на сторителите, соопштуваат од полицијата.

Ова е трета поголема кражба во Гостивар во период од недела дена. Претходно, мета на крадци беа филијала на компанија за трансфер на пари и куќа.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена