Вести
Кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ во Бањица
Ограбен уште еден верски објект во гостиварско. Овојпат се работи за црквата „Свети Петар и Павле“ во Бањица. Кражбата ја пријавил 77 годишен жител на селото, а се случила помеѓу 28-ми и 29-ти овој месец.
Според информациите од СВР Тетово, засега непознати сторители, насилно ја отвориле алуминиумската врата од јужната страна на црквата, при што извадиле и дел од неа. Влегле внатре и од местото каде се продавале свеќи одзеле околу 2500 денари по што побегнале.
Од полицијата соопштуваат дека е извршен увид и се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот и за откривање на сторителите.
Од почетокот на годинава, ова е трета кражба во црква во поширокиот гостиварски регион.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар