Поврзи се со нас

Вести

Кражби на возила – Заклучувајте ги автомобилите и не оставајте пари и накит во нив

Објавено

на

 

Кражбите на автомобили како и на вредни предмети во нив, на гостиварското подрачје не се нова појава.  Граѓаните неретко ги оставаат отклучени и необезбедени, па возилата стануваат лесна мета на крадци. Последниот ваков пример беше регистриран на паркинг пред општата болница, кога крадци од џип украле пари додека сопственичката била на преглед.

Поради ваквите случаи, Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува сопствениците на возила задолжително да ги заклучуваат, да не ги оставаат клучевите во брава и доколку имаат можност, квалитетно да ги обезбедат со адекватна опрема.

„Им се советува, исто така, на достапни места во возилата, пред се на седиштата или во внатрешниот преден дел, да не оставаат чанти, лаптопови, мобилни телефони, очила за сонце или разна кожна галантерија. Зашто, токму тие предмети се најпривлечни за крадците, кои брзо оперираат, ги провалуваат возилата, посебно во вечерните часови, а потоа уште побрзо се оддалечуваат од местото“, апелира СВР.

Полицијата повикува кражбите веднаш да се пријавуваат за да се преземат навремени и ефикасни мерки за откривање и санкционирање на сторителите.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 2 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 4 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 6 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 9 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 10 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 21 час

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена