Вести
Креаторот на “Синиот кит” половина година е зад решетки – каква е оваа опасна игра?
Русинот Филип Будеикин е човекот што ја осмислил онлајн играта Синиот кит, која неколку години наназад, предизвикува страв и загриженост кај родителите на тинејџери. Дваесет и едногодишниот Будеикин е во затвор во Санкт Петербург од ноември минатата година, каде го чека судењето како осомничен за поврзаност со самоубиството на петнаесетина девојки во Русија кои играле според правилата на Синиот кит. Креаторот на опасната игра во виртуелниот свет е познат како Филип лисицата.
Каква е играта „Синиот кит“? Од она што може да се прочита од странските интернет портали, не се работи за апликација, туку за игра преку друштвени мрежи во затворени групи, чија главна е да манипулираат со млади и ранливи лица. Поточно се работи за повеќе затворени групи на руската социјална мрежа VKонтакте, кои започнале да се формираат кон крајот на 2013-та година.
Администраторите на групата во период од 50 дена им даваат на членовите најразлични задачи:гледање на хорор филм, будење среде ноќ, убиства на животни или самоповредување. На крај, од членовите се бара да извршат самоубиство. Задачата да останат будни и да бидат онлајн секоја ноќ во 4 часот и 20 минути, се давала со цел да се заморат и со тоа да им се намали способноста за разумно одлучување.
Се стравува дека во Русија има над 130 случаи на самоубиства на млади кои се поврзуваат со Синиот Кит. Неофицијално случаи имало и во Португалија, Чиле, Бразил, Кенија, Шпанија, па и во соседна Србија.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград