Поврзи се со нас

Македонија

Кредити со 2% камата за компании погодени од енергетската и ценовната криза

Објавено

на

Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и ценовната криза од 26 декември 2022 година ќе можат да аплицираат за средства од новата кредитна линија наменета за обртни средства. Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит субјектите може да го достават електронски на посебна е-маил адреса.

-Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51 отсто, како што е објавено во јавниот повик, информираат од Развојна банка на Северна Македонија.

Оттаму посочуваат дека минималниот износ на кредит е 185.000 денари, додека максималниот износ на кредит е 1.845.000 денари за микро, мали и средни трговски друштва односно 615.000 денари за трговци поединци и занаетчии. Рокот на отплата е од 18 до 36 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи. Каматната стапка е 2 проценти.

Јавниот повик е објавен денеска, 19.12.2022 година, и ќе трае 15 дена сметано од 26 декември 2022 година од 09:00 часот до 9 јануари 2023 година до 09:00 часот. Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на е-маил адресата eckriza@mbdp.com.mk по принципот прв дојден, прв услужен, се наведува во соопштението.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена