Вести
Кремљ: Анектираните украински региони се заштитени со нуклеарно оружје

Сите четири украински региони неодамна анектирани се под заштита на рускиот нуклеарен арсенал, потврди Кремљ.
– Сите тие територии се неотуѓиви делови на Руската Федерација и сите се заштитени. Нивната безбедност е загарантирана во иста мера како и остатокот од руската територија, одговори портпаролот Дмитриј Песков, на новинарско прашање дали тие региони се под руски нуклеарен чадор.
Претходниот месец, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена, доколку е потребно, да го искористи нуклеарниот арсенал за одбрана на територијалниот интегритет на Русија.
Претседателот на САД, Џо Бајден на 6 ноември посочи оти оваа негова закана го донела светот најблиску до „армагедон“ од кубанската криза во 1962 година.
Минатиот месец, Путин објасни дека анектираните украински подрачја ќе бидат дел од Русија засекогаш.
Но, Русија целосно не ги контролира тие подрачја и допрва треба да се дефинираат нивните граници, пишуваат дел од медиумите.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 7 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава