Свет
Кремљ потврди: Путин и Трамп разговараа, американскиот претседател поканет во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп остварија телефонски разговор кој траел речиси час и половина, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Ова е првпат двајцата лидери да разговараат по пауза од 4,5 години.
Во фокусот на разговорот биле ситуацијата во Украина, размената на затвореници, како и други глобални прашања, вклучително и судирите на Блискиот Исток, економските односи меѓу двете земји и иранската нуклеарна програма.
Песков истакна дека Путин се залага за елиминирање на основните причини за конфликтот во Украина, а Трамп нагласил дека е важно да се спречат понатамошни жртви. Двајцата лидери се согласиле дека долгорочно решение за Украина може да се постигне само преку дипломатски преговори.
Дополнително, теми на разговор биле енергетиката, вештачката интелигенција и моќта на доларот. Трамп истакнал дека „ова немаше да се случи ако тој беше претседател порано“ и нагласил дека мора да се направи сè за да се спречи понатамошно страдање.
Американскиот претседател му се заблагодарил на Путин за ослободувањето на американскиот државјанин Марк Фогел, кого лично го пречекал во Белата куќа. Двајцата лидери се согласиле нивните тимови веднаш да започнат со подготовки за наредните чекори, вклучително и информирање на украинскиот претседател Володимир Зеленски за заклучоците од разговорот.
„Се договоривме да работиме заедно, многу тесно, вклучително и меѓусебни посети“, изјави Трамп, додавајќи дека е оптимист за наредните чекори во односите меѓу Москва и Вашингтон.
Според Кремљ, двајцата лидери ќе продолжат со директни контакти и ќе работат на организирање на нивна средба во наредниот период.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар