Гостивар
Кривична и притвор за три лица за разбојништвото во гостиварско Равен

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 28 годишниот А.Ј. од тетовското село Челопек, 45 годишната Ј.И. од Гостивар и албанскиот државјанин Г.Б. на возраст од 42 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Заради обезбедување присуство на осомничените во текот на истражната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор. Предлогот беше прифатен, по што судот на тројцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена, извести Јавното обвинителство.
„На 18 август оштетениот, 72-годишен жител на Равен ја поканил осомничената во својот дом. По неа за кратко време пристигнале нејзиниот син и невенчаниот сопруг. Тројцата осомничени физички го нападнале оштетениот и му одзеле пари и златен накит.“, стои во соопштението од ЈО.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите