Гостивар
Кривична за инвеститор од Гостивар: Ја тргнал лентата од градежна инспекција и продолжил со дивоградбата
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 67 годишен гостиварец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,бесправно градење“ и ,,симнување или оштетување на службен печат или знак“.
МВР соопшти дека на 6 мај годинава на локација во Гостивар, од страна на овластен градежен инспектор, при увид на градба на колективна зграда од страна на пријавениот, како главен инвеститор, било констатирано дека истиот не поседувал комплетна документација и објектот не бил изведен согласно одобрението за градба.
„По ова, на 20 мај, за објектот било донесено решение за забрана на понатамошна работа, и била поставена лента и налепница со ознаки од градежна инспекција. На 3 август инвеститорот ги симнал и оштетил претходно поставениот службен печат и знак на наведениот објект, и продолжил со градба на истиот.“, извести Министерството за внатрешни работи.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk