Поврзи се со нас

Гостивар

Кривична за непочитување на протоколите во угостителски објект во Гостивар

Објавено

на

Државниот пазарен инспекторат во првите пет дена од октомври извршил вкупно 160 надзори во целата држава. Во контролите изречени биле 8 решенија и 22 платни налози , а поднесени и 18 кривични пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти. Од овие 18 кривични пријави, 10 се за правни субјекти во Скопје, 2 во Струмица, 3 во Битола и по 1 кривична пријава во Охрид, Струга и Гостивар.

Истиот период, од страна на инспектори за труд на државно ниво извршени се вкупно 228 надзори во правните субјекти. Во исконтролираните правни субјекти биле опфатени вкупно 3.312 вработени и било констатирано дека нема ослободени вработени по основ родител на дете до 10 години, двајца вработени се ослободени од работа по основ на хронична болест и 3 работнички се ослободени поради бременост. Дополнително е констатирано дека генерално се почитува обврската за носење на маски како заштитна опрема. Од страна на Државниот инспекторат за труд  донесени биле 10 решенија и 7 укажувања на работодавачите за неносење заштитни опрема, за користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените  од ризичните групи и сл.

„Периодот кој следи, е особено важен за сите нас. Донесените протоколи се важни за да се заштити здравјето на сите граѓани, но и да се обезбедат потребните услови за функционирање на компаниите, особено што надлежните најавуваат дека во овие есенски месеци се очекува зголемен број на новозаразени од коронавирусот. Затоа, би сакала да апелирам до сите правни субјекти и граѓани да ги почитуваат владините мерки и препораки во насока на превенирање и заштита од ширењето на коронавирусот КОВИД-19. Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат засилено да работат на терен и потенцирам дека нерегуларностите и непочитувањето на владините мерки и препораки најстрого ќе се санкционираат без исклучоци“, изјави претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 минути

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 59 минути

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена