Гостивар
Кривични против повеќе лица фатени со дрога на гостиварското подрачје

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривични пријави против повеќе лица, кај кои биле пронајдени наркотици. Сите се товарат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Првиот случај поради кој кривична заработија две лица од Скопје и Ростуше, на возраст од 32 и 35 години, датира од март годинава. На ул.„212“ во Гостивар, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории каде престојувале пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин и пари.
Во друг случај, кривична е поднесена против 23 годишник од Добридол. При преглед кај пријавениот полицијата пронашла и одзела марихуана и мешавина од марихуана и тутун.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава и против 28 годишен гостиварец. На 22.02.2019 во Гостивар, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, мобилни телефони и 75.400 денари.
Уште еден гостиварец се товари за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.03.2019 во населба Дутлок во Гостивар, во близина на фудбалскиот стадион во градскиот парк, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја