Поврзи се со нас

Гостивар

Кривични против повеќе лица фатени со дрога на гостиварското подрачје

Објавено

на

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривични пријави против повеќе лица, кај кои биле пронајдени наркотици. Сите се товарат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Првиот случај поради кој кривична заработија две лица од Скопје и Ростуше, на возраст од 32 и 35 години, датира од март годинава. На ул.„212“ во Гостивар, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории каде престојувале пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин и пари.

Во друг случај, кривична е поднесена против 23 годишник од Добридол. При преглед кај пријавениот полицијата пронашла и одзела марихуана и мешавина од марихуана и тутун.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава и против 28 годишен гостиварец. На 22.02.2019 во Гостивар, полициски службеници извршиле  претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, мобилни телефони и 75.400 денари.

Уште еден гостиварец се товари за  сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.03.2019 во населба Дутлок во Гостивар, во близина на фудбалскиот стадион во градскиот парк, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 1 час

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 2 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 4 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 5 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 6 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 8 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена