Поврзи се со нас

Гостивар

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Објавено

на

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 60 годишен гостиварец, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „перење пари и други приноси“, 42 годишници од  Скопје и Гостивар и гостиварец на 40 годишна возраст за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“, против две правни лица Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „услови за кривична одговорност на правно лице“ во врска со „фалсификување исправа“, 44 годишен жител од Беловиште, гостиварско, за сторено кривично „фалсификување исправа“, две жени од Гостивар на возраст од 51 и 41 година за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и 45 годишен гостиварец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „непријавување кривично дело“.

Како што информира МВР, 60 годишникот во периодот од октомври 2015 до април 2022 година, изградил комерцијално-станбен објект на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, при што отстапил од фактичката состојба издадена согласно маркичката за градење. Но, и покрај направените отстапки, тој до Општинскиот катастар за недвижности Гостивар поднел барање за запишување на недвижноста, иако претходно во два наврата бил одбиен од Катастарот во Гостивар. Во прилог на барањето ја доставил истата техничка документација и геодетски елаборат изработен од геодетската фирма, сопственост на двајца од пријавените, кој не бил валиден, бидејќи на геодетската фирма два пати ѝ била одземена лиценцата, како и дека во елаборатот, пријавените, внеле дека е извршен премер на недвижноста со координати кои не се совпаѓаат согласно извршениот премер од Катастарот Гостивар.

„Пријавениот од Беловиште во февруари 2017 година, како овластен надзорен инженер изготвил и пуштил во употреба Извештај за извршен технички преглед за градба во кој лажно навел дека градбата нема недостатоци, може да се употреби и стави во функција. Еден од пријавените, како овластен градежен инспектор при општина Гостивар, пропуштил да изврши должен надзор и контрола над работата при изградба на комерцијално – станбениот објект, додека друг пропуштил да изврши должен надзор и несовесно постапил при вршење на своите овластувања. Тој, иако знаел дека објектот не е изграден согласно техничката документација и дека во два наврата бил известен за одбивање на барањето, по трет пат ја примил истата документација и ја поднел во Општинскиот катастар за недвижности Гостивар, а во прилог доставил и невистинит Записник за констатација, во кој навел дека увидел дека инвеститорот ги отстранил претходно констатираните недостатоци и отстапки на станбениот објект. Пријавените жени вработени во Општински катастар за недвижности Гостивар, без да извршат надзор и контрола на доставената службена документација, извршиле запишување на недвижноста на име на гостиварецот кој градел и му издале Потврда за запишување на недвижноста. По ова, тој извршил продажба на становите од станбениот објект, склучувајќи преддоговори за купопродажба на недвижен имот и договори за закуп на станбен објект и на тој начин се стекнал со имотна корист на штета на општина Гостивар.“, се наведува во соопштеието од МВР.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена