Вести
Кривични за двајца гостиварци кои се обиделе физички да нападнат полицаец
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.М. (44) и шеснаесетгодишник, двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие”, соопшти МВР. Настанот датира од трети март и според соопштението на полицијата, околу 22.45 часот на ул. „Живко Брајковски” во Гостивар, при контрола на моторно возило, управувано од 14-годишен син на првопријавениот, шеснаесетгодишникот се обидел да му ги земе документите и физички да нападне полициски службеник. После тоа, првопријавениот го стартувал возилото и побегнале.
„По кратко време, пријавените се вратиле и се обиделе физички да се пресметаат со полицискиот службеник, но биле спречени од полициски службеници и биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар“, известува МВР.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград