Гостивар
Кризен штаб Гостивар: Не може да се шијат маски во било какви услови, хуманитарна помош да делат само обучени лица
Во Гостивар до сега за корона биле тестирани 26 лица, и од минатата недела кога беше евидентиран првиот заболен, нема нов потврден позитивен случај.
Кризниот штаб на Општина Гостивар денес го одржа четвртиот состанок. Беа разгледани извештаите на институциите и установите вклучени во борбата против Ковид 19. Општ заклучок е дека состојбата на гостиварското подрачје е стабилна и нема простор за паника.
Од граѓаните се бара да продолжат да ги следат и почитуваат препораките, за да се намалат ризиците од ширење на коронавирус.
На состанокот се отворија и прашањата околу донирањето на хуманитарна помош за социјално загрозени граѓани и изработката на маски во домашни услови.
„Има многу луѓе кои сакаат да помогнат во оваа ситуација, тоа е човечки и хумано. Меѓутоа сите хуманитарни активности треба да се спроведат организирано и да ги исполнат пропишаните стандарди. Тоа мора да го направиме низ институциите на системот, затоа на идниот состанок ќе ги повикаме претставниците на Црвениот крст, да видиме како тоа може да се спроведе. Да се осигураме, дека тие луѓе коишто ќе однесат помош до куќи на социјални семејства не се евентуално извор на инфекција. Исто така и за изработката на маските. Јас прочитав на портали одредена фирма во Гостивар, одлучила да помага и да прави маски дома и јас тој случај го пријавив во полиција. Ние не знаеме кој ги произведува и кој ги шие тие маски и дали тие маски го исполнуваат основиот услов, да се стерилни. Ако тие се извор на инфекција, не сме направиле ништо добро, туку само штета. Тие што сакаат да донираат, нека се јават во институциите, болницата, општината, министерството да се информираат и да прашаат дали тие маски се безбедни, дали ги исполнуваат условите“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар