Гостивар
Кризен штаб Гостивар: Состојбата со корона стана сериозна, заболени има од различни населби и села
Трендот на зголемување на бројката на заразени со коронавирус на гостиварското подрачје кој почна минатата недела, на денешниот состанок на Меѓуопштинскиот Кризен штаб се оцени како сериозен. Активно болни има вкупно 64, од кои 43 во Општина Гостивар, 20 во О.Врапчиште и 1 во О. Маврово и Ростуше.
Загрижува што заболени има од различни населби и села, што значи се отвораат нови кластери и расте ризикот од ширење на заразата.
„Во однос на другите градови со сличен број на жители, Гостивар има подобра состојба, но сепак последните показатели се сериозни. Би сакал да ги инфромирам граѓаните дека случаите се низ различни населби и различни села, што е загрижувачки. Според бројот на тестови и процентот на заболени, земјава е веќе во црвена фаза. Процентот на позитивни од тестирани, се движи од 15 до 20% секојдневно.“, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и претседател на Кризниот штаб.
Институциите повторно апелираа на маскимална внимателност од граѓаните, држење дистанца, носење маски и редовна хигиена. Голем ризик се гледа и во изборната кампања, во рамки на која на собирите и средбите често не се почитуваат протоколите.
Според податоците изнесени на состанокот на Кризниот штаб, со решенија во изолација во регионот на Гостивар се наоѓаат 335 лица, од кои 35 се издадени во последното деноноќие.
Од почетокот на пандемијата до сега, од ковид заболеле 16 здравствени работници. Активно болни се лекар и медицинска сестра од службата за Итна медицинска помош.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник