Поврзи се со нас

Гостивар

Кризен штаб: Состојбата со коронавирусот во Гостивар е сериозна, носете МАСКА, држете ДИСТАНЦА, одржувајте ХИГИЕНА!

Објавено

на

Не стивнува ширењето на коронавирусот на гостиварското подрачје. Гостивар веќе почнува да важи за критичен регион, со брзорастечки дневни бројки на новозаболени. Министертсвото за здравство денес потврди 8 нови случаи и еден починат пациент.

Вкупно активно болни има над 280, од кои околу 80% се од гостиварската општина.  Сериозноста на ситуацијата уште еднаш ја констатираше и Меѓуопштинскиот Кризен штаб на редовниот неделен состанок. Апелите за почитување на мерките за заштита, како и изолацијата, повторно беа упатени до граѓаните.

„Ситуацијата и понатаму е сериозна и граѓаните треба да го сфатат тоа. Повторно апелираме доспледно да се испочитуваат мерките, тоа е носење маска, одржување дистанца и хигиена. Исто така, до оние кои се позитивни на корона и нивните блиски, да ја почитуваат изолацијата, да не излегуваат, да не шетаат за да не бидат причина за ширење на вирусот“, изјави Валбон Лимани, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Гостивар.

Сепак, со ваков тренд на нови случаи факт е дека апелите не допираат до граѓаните. Пред банките се создаваат гужви, без да се држи растојание и не сите носат маски. На градскиот пазар, најголемиот дел од трговците немаат заштитна опрема и не дезинфицираат раце. Не внимаваат доволно и купувачите. За дистанца не може да стане ни збор.

Но, се чини дека проблемот не е само кај граѓаните, туку дел од товарот на одговорноста паѓа и на институциите. Од нив се бара поголема ефикасност и ажурност при контролите во надлежностите што ги имаат. Многу од институциите денес не се потрудија ни да  испратат претставник на состанокот.

Од почетокот на пандемијата во гостиварскиот регион направени се вкупно 1.584 тестови за ковид.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена