Поврзи се со нас

Гостивар

Кризен штаб: Во Гостивар крајно сериозна состојбата со корона, мерките не се почитуваат

Објавено

на

Кризниот штаб на Гостивар на денешниот состанок ја оцени состојбата со коронавирусот во гостиварскиот регион како крајно сериозна. Од граѓаните и понатаму се бара внимателност и следење на препораките за заштита, како и од институциите кои се вклучени, мора поактивно да апелираат до граѓаните да бидат посевесни и да се придржуваат до препораките.

„Од податоците со кои располагаме, вкупниот број на заболени е 572, бројот на активни случаи во регионот на Гостивар е 261, од кои 214 се од Гостивар, 32 во Општина Врапчиште и 5 во Општина Маврово и Ростуше. Бројот на починати лица изнесува 28, од кои 20 се од Гостивар, 7 од Општина Врапчиште и 1 од Маврово и Ростуше. Оздравени пациенти се 283. Апелираме до граѓаните да се придржуваат до препораките како што се носење на маска, одржување социјална дистанца и одржување на лична и колективна хигиена. Исто би апелирале и до инволвираните институции кои не се редовни на меѓуопштинскиот кризен штаб, да дојдат и дадат свој придонес во справувањето со пандемијата, рече Валбон Лимани шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Гостивар.

Вкупниот број на тестирања од почетокот на пандемијата во гостиварскиот регион изнесува 1.954.

На денешниот состанок на штабот, претставници од институциите и установите во Гостивар изнесоа куси извештаи за активностите што ги спроведуваат во нивна надлежност и состојбите врзани со коронавирусот.

Сподели ја веста:
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена