Гостивар
Кризниот штаб на Маврово и Ростуше со нови одлуки за превенција од коронавирусот

Кризниот штаб за заштита од коронавирусот при Општина Маврово и Ростуше денеска во општинската сала за состаноци, под посебни превентивни мерки оддржа координативен состанок на кој беа донесени следниве одлуки:
– Да се почитуваат препораките дадени од Владата на РСМ,
– Строго да се почитува наредбата за самоизолација,
– ЈПКД Маврово и општината во соработка со месните заедници, да извршат темелно чистење на центрите низ сите населени места,
– Да се изврши дезинфекција на сите населени места, за распоредот кои села кој ден ќе се чистат, жителите ќе бидите благовремено известени.
На состанокот присуствуваа и директори на институции од општината, како и Зенула Елези сопственик на фирмата Техно Блок од Скудриње, кој изрази желба да излезe во пресрет на институциите и народот во оваа кризна состојба во која се најде општината.
На територијта на Маврово и Ростуше засега нема заразени случаи со коронавирус.
Седи дома, читај книги и спаси живот! Само преку дисциплина и разум можеме да го победиме овој вирус, порачуваат од Општината.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар