Гостивар
Кризниот штаб во Гостивар бара банките и дуќаните каде има гужви да спроведат поголем ред

Состојбата со коронавирусот на гостиварското подрачје е стабилна, надлежните продолжуваат со превентивни мерки, граѓаните да останат дисциплинирани и одговорни. Ова беа дел од заклучоците на денешниот состанок на Кризниот штаб во Гостивар.
Како што претходно информиравме, за Ковид 19 во гостиварско вкупно до сега биле тестирани 31 лице, новозаболени нема. На жената којашто е единствен регистриран случај од Гостивар утре ќе и биде направен контролен тест и зависно резултатите таа ќе биде испишана од инфективното одделение и ќе продолжи во домашна изолација.
Кризниот штаб бара од банките и други објекти кадешто се создаваат гужви, да спроведат поголем ред.
„На банките и одредени продавници коишто работат овој период во кои настанува поголема гужва, каде луѓето не го одржуваат растојатнието што го препорачува Светската здравствена организација, им советуваме да организираат посебно обезбедување за да се одржува дистанцата меѓу граѓните како што е дадено во сите препораки“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.
Кризниот штаб оцени дека комуникацијата меѓу институциите без разлика дали се централни или локални е на многу добро ниво и сите надлежни до граѓаните инсистираат да се следат и почитуваат препораките, односно да се останува дома и да не се излегува без потреба.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград