Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 04/08/2018 | 18:41

Крцкави убавици со сусам и кикирики

Во морето рецепти за бомбици, ова е нешто поинакво и многу лесно за подготовка. Бомбиците со сусам и кикирики се одлична закуска за целото семејство, а и за пред гости, дури и за ненајавени затоа што се прават брзо и едноставно.

состојки:

250 гр. маргарин

3 кесички солени крекери (околу 250 до 300 гр.)

100 гр. сусам

100 гр. кикирики

малку масло

подготовка:

Сусамот се пропржува во маслото сосема кратко, за да не ја изгуби целосно светлата боја. Кикириките и крекерите ситно се мелат. Маргаринот се разматува со миксер, и му се додаваат мелените кикирики и крекери. Состојките се соединуваат, од нив се обликуваат бомбиците и на крај една по една се валкаат во сусамот.

Напишете коментар

Close