Здравје и убавина
Крвната група открива која храна е добра за вас

Објавено
пред 4 годинина

Обично се вели дека за вкусовите не треба да се дискутира. Сепак, кога станува збор за преферирањето на една во однос на друга храна, треба да се знае дека вкусот не е формиран сосема случајно, туку дека е резултат на состојби и процеси на организамот. Последната декада, многу популарна е исхраната според крвната група. Медицинарите докажале дека секоја крвна група има различен метаболизам и потреба од различни витамини и минерали. Во продолжение ви пренесуваме која храна му годи, а која може да биде штетна за вашиот организам, определено според крвната група.
КРВНА ГРУПА “А“
Луѓето со крвна група А имаат чувствителен дигестивен систем и тешко можат да ги обработуваат протеините од животинско потекло. Затоа, треба да избегнуваат месо, млеко и млечни производи и да се насочат кон исхрана богата со житарки, мешунки, овошје и зеленчук.
На многу луѓе им е тешко да се откажат од вкусните порции со помфрит и месо и да ги заменат со растителни протеини, но токму тоа ќе им помогне на претставниците на групата А да имаат подобро здравје, подолг живот и повеќе енергија.
Совети:
Не го прескокнувајте појадокот и јадете почесто, но со помали оброци.
Внесувајте повеќе протеини на почетокот на денот, а многу помалку навечер.
Не јадете кога сте нервозни и вознемирени.
Џвакајте ја храната подолго време за да му помогнете на телото побрзо да ја свари.
КРВНА ГРУПА “О“ (НУЛТА)
Kрвната група 0 е најраспространетата крвна група во светски рамки. Претставниците на оваа крвна група имаат добар дигестивен систем и полесно ги разложуваат протеините од животинско потекло, па затоа најмногу им се препорачува да консумираат месо.
Освен месо, треба да консумираат и овошје и зеленчук, а да избегнуваат јаглехидрати. Најдобрите диети за крвната група 0 се оние кои содржат многу протеини, малку јаглехидрати и минимум консумирање на млечни производи.
Совети:
Секој оброк јадете го седнати на маса и џвакајте ја храната бавно.
Редовно вежбајте, барем 3-4 пати неделно.
Секогаш кога сте вознемирени, започнете некоја физичка активност.
КРВНА ГРУПА “Б“
Луѓето со крвна група Б можат да јадат многу различни типови храна без никакви проблеми. Тие имаат добар дигестивен систем, но треба да избегнуваат пченица, пченка, хелда, леќа, домати, кикирики и семе од сусам ако сакаат да избегнат дебелеење. Овие продукти влијаат негативно врз ефективноста на метаболизмот и придонесуваат за појавата на замор, задржување на течности во телото и опаѓање на нивото на шеќер во крвта по оброците. Исто така, за оваа крвна група пилешкото месо треба да биде на минимум. На листата на храна која го поттикнува слабеењето се наоѓаат зелените зеленчуци, јајцата, „добрите“ меса (јагнешко, зајачко, овчо) и млеко и млечни производи со мал процент на масти.
Совети:
Направете си план за спиење (во колку ќе си легнувате и кога ќе станувате) и придржувајте се кон него. На пример, легнувајте си секој ден во 23 часот и спијте минимум 7-8 часа.
Подобро да легнете со празен стомак, отколку прејадени.
Најдобар начин да се релаксирате е медитацијата.
Вежбајте го мозокот со решавање на крстозбори или судоку и други мали задачи кои бараат концентрација.
КРВНА ГРУПА “АБ“
Крвната група АБ е исклучително ретка, со само 4-5% застапеност. Поголем дел од храната која што е лоша за крвните групи А и Б е лоша и за крвната група АБ, но постојат и исклучоци.
Доматите, кои воопшто не се препорачуваат за крвната група Б, може да се користат во исхраната на групата АБ. Луѓето со крвна група АБ треба да избегнуваат алкохол и кафе, особено во стресни ситуации. Ако претставниците на оваа група сакаат да слабеат, тогаш треба почесто да консумираат тофу, морска храна, зелени зеленчуци и млечни производи, а да избегнуваат чадени меса.
Луѓето со крвна група АБ се емотивни, пријателски расположени и особено страсни кога станува збор за нивните верувања.
Совети:
Консумирајте повеќе мали оброци во текот на денот, а не неколку големи.
Избегнувајте настани и ситуации кои имаат натпреварувачки карактер.
Поминувајте колку што можете повеќе време во кујна и јадењето приготвувајте си го дома. Готовата храна не може да биде толку корисна и здрава, колку домашната.
Вработувања Полог:

Двајца браќа се товарат за насилство во Гостивар, нападнале жена и две машки лица

Во што ја претворивме Земјата за помалку од 40 години?

Гостиварци хумани – даруваат крвна плазма за лекување на ковид болни

Девојка од Гостивар пријавила силување во куќа каде татко и‘ ја омажил сосила

Денеска регистрирани се 603 нови случаи на ковид, починати 39 лица

Од први мај почнува електронски упис на првачињата, следуваат обуки за училиштата

Ги нападнал сопругата, синот и снаата, а во ПС Гостивар оштетил просторија

Нелегална сеча на дрва – ОВР Гостивар приведе две лица

КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје

Нов Ултра леток на Ултра Маркети, заштедете до 48%

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ: Нова месечна акција (16.04.21 – 15.05.21)

Детали од официјалното упатство за вакцината СПУТНИК – мерки на претпазливост, реакции…

Денот што го чекавте! Отворени новите УЛТРА МАРКЕТИ во Гостивар, одлична понуда и квалитет, прифатливи цени

Во Албанија уапсен гостиварец баран од Интерпол

Тажна вест-Почина познатиот актер Луран Ахмети

Тромботичен ефект кај девојка од Македонија која примила „Астра Зенека“ во Србија

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Гостиварпред 2 месеци
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Занимливостипред 2 месеци
Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот
- Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
- Спортпред 4 недели
КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје
- Гостиарскипред 2 месеци
Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))
- Гостиварпред 3 месеци
Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар
- Македонијапред 2 месеци
Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?