Гостивар
Крводарителна акција во Гостивар со планинарите: Дарувајте крв, тоа е нешто свето!
Планинарскиот водич Исмет Шурбан од Гостивар до сега дарувал крв 25 пати. Тој беше еден од дваесетината планинари, кои денес се вклучија во крводарителната акција што ја организираше гостиварскиот Црвен Крст заедно со Планинарското друштво „Шари“.
За Исмет дарувањето на крв е нешто свето, кое секој хуман здрав човек треба да го прави.
„Нашиот претседател на друштвото Керим Абази знае да каже дека планинарите имаат најчиста крв бидејќи се движиме низ планините. Апелирам до сите да даруваат крв, за да спасат нечиј живот. Тоа е нешто свето, нема ништо страшно, и сметам дека секој човек треба да го прави.“, изјави Шурбан.
Мерита Алили, секретар на ОО Црвен Крст Гостивар нагласи дека планинарите се редовни крводарители коишто секогаш знаат да ја покажат својата хуманост.
Општинската организација на Црвениот Крст Гостивар и планинарското друштво Шари, ја продлабочија соработката со потпишување на меморандум. Во иднина, при потреба од спасувачки акции на подрачјето, ќе се вклучуваат и членовите на ова планинарско друштво.
Денешната крводарителна акција се спроведе во соработка со службата за трансфузиологија на гостиварската болница.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар