Поврзи се со нас

Гостивар

Крводарителство: Полицијата во Гостивар хумана и во вонредни услови

Објавено

на

Полицијата во Гостивар и во услови на пандемија ги негува хуманите вредности. Денес во Полициската станица се организира крводарителна акција, која помина успешно со задоволителен одѕив.

Иако, поради состојбите со коронавирусот полициските службеници периодов се многу повеќе работно ангажирани, тоа не ги спречи да даруваат крв, со цел да помогнат да се спасат човечки животи.

„И покрај актуелните отежнати услови, полициските службеници одлучија да даруваат крв, да спасат човечки животи, да помогнат на оние на кои најмногу им е потребно. Ова е втора акција годинава, инаку на годишно ниво во ПС Гостивар се организираат три крводарителни акции кои секогаш поминуваат успешно“, рече Игор Јовановски, координатор за крводарување во ПС Гостивар.

Лекарите нагласуваат дека дарувањето на крв е безбедно и се спроведува според утврдени протоколи за заштита.

„Крводарувањето е 100% безбедно, затоа што работиме со кеси кои се за еднократна употреба, работиме со маски и ракавици, просториите се дезинфицираат, на сите крводарители им се даваат маски, доколку самите немаат, така што не постои ризик и можност на некој начин да се заразат од актуелниот коронавирус. Апелот до граѓаните е сите оние кои се здрави, кои немале контакт со заболен од Ковид 19, се без симптоми да пристапат кон дарување на крв, без да се вознемируваат дека нешто може да им се пренесе. Да останеме хумани и во вакви најтешки времиња“, изјава д-р Ефтим Димитровски од Институт за трансфузиона медицина Скопје. 

За крводарителите не е задолжителен тест за Ковид 19. Пред да даруваат пополнуваат евидентен лист, а кај оние кои имале контект со заболен или развиле симптоми дарувањето се одложува.

Денешната крводарителна акција во Полициската станица во Гостивар се спроведува во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена