Поврзи се со нас

Вести

КУП 2019: КК Гостивар – Фени Индустри вечерва од 20:15 часот (ТВ пренос)

Објавено

на

Започнува завршницата на 27. издание на некогаш најмасовното кошаркарско натпреварување кај нас, кошаркарскиот КУП на Македонија.

Кошаркарскиот клуб Гостивар својот поход го започнува вечерва од 20 часот и 15 минтуи. Прв противник на „бело-сините“ е екипата на Фени Индустри од Кавадарци. Амбициозна екипа која во првенството во два наврати го намачи Гостивар и во самата завршница го испушти местото во Супер лигата. Единствен успех на кој може да се надеваат кавадарчани сезонава е КУП натпреварувањето.

Гостиварци, влегуваат во КУП завршницата после важната победа против Блокотехна во Супер лигата, победа која сигурно ќе ја зголеми самодовербата кај избраниците на Марјан Србиноски. Иако не по нивна желба, кошаркарите имаа само еден ден одмор пред годинешното КУП натпреварување. Дополнителна ситуација кај гостиварци е што МКФ го суспендира Џо Фурстингер за овој четвртфинален дуел, на натпреварот со Блокотехна поради фаул без топка, доби директно исклучување, еден натпревар суспензија и 30.000 денари парична казна.

Но, и покрај сето тоа никој од гостиварскиот клуб не се предава однапред, сите знаат дека нема да биде ни малку лесно. Желни да остварат што подобар успех на овој турнир кошаркарите најавуваат голема борба и максимална пожртвуваност.

Подобриот од овој дуел, во полуфиналето ќе се сретне со победниот од Блокотехна – КК АВ Охрид, натпревар кој е закажан за во сабота од 17 часот.

МРТВ ќе врши директен пренос од овој четвртфинален дуел.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 5 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 7 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 9 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 9 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 11 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 12 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 14 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 15 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена