Поврзи се со нас

Спорт

КУП 2021: КК Гостивар – Еуроникел, денес од 17 часот

Објавено

на

Денска во Спортскиот центар „Кале“ во Скопје, започнува завршницата на 29. издание на некогаш најмасовното кошаркарско натпреварување кај нас, кошаркарскиот КУП на Македонија 2021 – „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Двократниот освојувач на ова натпреварување, Кошаркарскиот клуб Гостивар својот поход го започнува попладнево од 17 часот. Прв противник на „бело-сините“ е екипата на Еуроникел од Кавадарци. Искусна екипа која во првенството заврши на 3. позиција со скор од 15 победи и 7 порази. Данило Мијатовиќ, Рикиќ, Соколов, Јане Петрески, Дубински се докажани кошаркари кои во два наврати го намачија Гостивар во регуларниот дел од првенството, но гостиварци успеаа да ги добијат двата дуели сезонава (96-87 и 89-99).

КК Гостивар, влегува во КУП завршницата по серија од три победи во првенството и тоа над МЗТ Скопје, Работнички и ТФТ Скопје, што сигурно позитивно влијае на самодовербата кај избраниците на Александар Јончевски. Повеќе од јасно е дека нема изразити фаворити во вакви натпревари каде нема поправен, односно секој пораз значи пакување на коферите. Желни да остварат што подобар успех на овој турнир, кошаркарите на гостиварскиот прволигаш најавуваат голема борба и максимална пожртвуваност.

Подобриот од овој дуел, во полуфиналето ќе се сретне со победниот од Работнички – ТФТ Скопје, натпревар кој е закажан за во сабота од 19 часот.

МРТВ ќе врши директен пренос од овој четвртфинален дуел, пред почетокот на натпреварот ќе објавиме и линк за стриминг во живо.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена