Спорт
КУП на Македонија 1/16: Вардар Форино против Вардар Скопје – ФК Гостивар на мегдан со Тиквеш

Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија, денеска беа извлечени двојките за првите натпревари од Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2020/21.
Вардар во Форино на Градскиот стадион во Гостивар ќе се сретне со скопски Вардар во 1/16-финалето од Купот на Македонија, додека ФК Гостивар ќе се пресмета со екипата на Тиквеш од Кавадарци, одлучи денешната ждрепка.
Остантите двојки се:
Кит-Го – Скопје
Победа – Македонија Ѓ.П.
Љуботен – Пелистер
Слога Виница – Шкупи
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Каменица Саса – Борец
Влазерими – Работнички
Полуфиналистите од ланскиот КУП кој се прекина поради корона кризата екипите на: Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Лум ќе бидат слободни во 1/16-финалето.
Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23. септември од 15:30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.
Поради пандемијата со Covid-19 ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила