Спорт
Квалификации СП: Македонските ракометари бранат „плус осум“ на реваншот во Романија
Македонската машка ракометна репрезентација попладнево од 17 часот во Букурешт го игра реванш полуфиналниот мундијалски бараж против Романија, оптимистички расположена дека ќе успее да ја зачува предноста од осум голови разлика од првиот натпревар.
Македонските ракометари во средата пред околу 5 000 гледачи во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ја совладаа романската репрезентација со 30-22 и направија голем исчекор кон настап во финалниот бараж против Чешка за место на Светското првенство во 2023 година.
Иако задоволен од предноста со која „црвено – жолтите“ допатуваа во Букурешт, капитенот и селектор Кирил Лазаров истакна пред денешниот реванш дека неговите соиграчи мора да бидат максимално фокусирани, бидејќи ги очекува полна сала и мотивиран противник.
– Треба да бидеме претпазливи пред реваншот, познавајќи го (романскиот селектор Чави) Пасквал, тој нема да се предаде и сигурно не очекува тежок натпревар во Букурешт, посочи Лазаров.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар