Рецепти
Ладна супа која можете да ја „стегнете“ од чаша за ракија – Шпанците навистина знаат како

Во летниот период нема ништо подобро од оброк кој ќе ве освежи, а да не чини многу и да се прави лесно. Шпанците имаат решение. Се вика гаспачо и е традиционалната ладна супа од свеж зеленчук.
Гаспачо е традиционална супа од јужна Шпанија која се подготвува од свежи домати и се послужува како еден вид аперитив. Интересен е фактот што шпанците ја служат во чашичка за ракија и можете да ја „стегнете“ пред главното јадење.
Потребни состојки:
1 кг свежи домати
2 свежи краставици
2 парчиња стар леб
1 главица кромид
2-3 чешниња лук
2 зелени пиперки бабурки
маслиново масло
неколку капки оцет
сол и бибер по желба
малку млеко
Подготовка:
Потопете го лебот во млеко се додека не омекне. Истискајте го и ставете го во блендер. Во блендер ставете ги и доматите без семки и лушпа. Во блендер ставете го и останатиот зеленчук, на кој претходно ќе му ги отстраните непотребните делови. Зачинете со масло, осет, сол и бибер по желба.
Пред да ја послужите, супата ставете ја во фрижидер убаво да се излади. Се служи со потпечен леб.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022